Едно починато лице на 59 години се бележи во тетовско со што вкупно 98 луѓе го имаат изгубено животот поради компликации од Ковид-19. Тетовскиот регион денес бележи со 41 новозаболен од Ковид-19 како и 11 оздравени, со што вкупно болни се 395 лица. Од коронавирус заболеле 1897 лица вкупно досега.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 182 оздравени пациенти.
Починати се 14 лица, пациенти од Прилеп (77г), Куманово (76 и 66г), Крива Паланка (65г), Скопје (80г), Гевгелија (51г), Кочани (83г), Струга (66г), Битола (68г), Ресен (52 и 83г), Виница (67г), Берово (67г), Тетово (59г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 26394, бројката на оздравени пациенти е 18430, на починати е 897, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 7067.