Седумдесет и две годишник е починат поради коронавирусот во тетовско, со што досега 88 лица го имаат загубено животот заболени од Ковид-19. Здравствените служби бележат еден нов случај, додека пет оздравени лица.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент.
Во болнички услови се починати 4 пациенти од Скопје (73 и 62г), Куманово (69г) и Тетово (72г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303.