Едно починато лице, пет новозаболени и четири оздравени од Ковид-19 се бележат во тетовско. Сега вкупно има 91 починат како и вкупно 1452 дијагностицирани лица. Починатото лице од тетовско е на 73 години.
-Од 5 нови случаи со Ковид-19, тројца се од Општина Тетово и по еден од општините Брвеница и Желино, информираше д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологихја при тетовскиот центар за јавно здравје.
Според тетовската полиција поради непостапување кон владината уредба за спречување на ширење на Ковид-19 во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на 77 лица во тетовско им изготвени им се прекршочни платни налози.
Во овој период на тетовско 7 лица добиле нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
А.С