По повод Денот на Охридското езеро, еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“ при Македонско-Хрватското Друштво Тетово викендов спроведе дводневно нуркање и нуркачки активности во селото Радожда.
Активностите одржани викендов се дел од редовната агенда на клубот, а досега покрај неколку акции спроведени на различни локации на Охридското езеро, одржани беа и активности и чистења на Беровското,Тиквешкото и езерото Матка, како и на островот Корчула во Хрватска.
-Членовите на МХД и еколошко-нуркачкиот клуб „Пена“ при активностите, учествуваа заедно со охридскиот градоначалник Константин Георгиески и други еколози и експерти, и во специјалната емисија на посветена на актуелните состојби и обидите да се зачува статусот на Охрид во УНЕСКО, информираат од клубот.
Македонското Хрватското Друштво функционира во Тетово од 2002 година, додека пак, еколошко-нуркачкиот клуб оваа година одбележува 3 години од постоењето.