• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Еко-акција за чистење на Попoва Шапка спроведе вчера општинската организација на СДСМ Тетово

Со преземање на одговорност и грижа за природните богатства со кои располагаме се приклучуваме на современото европско живеење, изјави Живе Алексовски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Тетово во Советот на општина Тетово. 

07/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општинската организација на СДСМ од Тетово вчера спроведе еко акција за чистење на Попова Шапка.

-Тетовчани денес покажаа колку ја сакаат и се гордеат со Попова Шапка, за тоа говори и бројот на граѓани кои се приклучија и учествуваа на денешната еко-акција за чистење на Попoва Шапка, организирана од страна на  Општинската организација на СДСМ Тетово. За чиста и здрава животна средина подеднакво одговорност имаме сите. Со преземање на одговорност и грижа за природните богатства со кои располагаме се приклучуваме на современото европско живеење, изјави Живе Алексовски, координатор на советничката група на ОО СДСМ Тетово во Советот на општина Тетово.

Тој се осврна и на државните инвестиции околу Попова Шапка

-Грижата за Попова Шапка ја покажавме и преку реконструкцијата на единствениот пат кој води до Попова Шапка. Новиот шестосед кој ќе ги опслужува скијачите на нова модифицирана скијачка рута преку Ге, Аеродром, Поток, Срт, Мал Јелак и пола Церипашина, со што се добива комплетно скијачко и рекреативно доживување на нашиот планински бисер. Исто така се усовршува и надоградува системот за ски билетите. Да го вратиме сјајот и приматот на Попова Шапка како врвен зимско-рекреативен центар, и да посакаме снежна и успешна сезона, рече Живе Алексовски.

 

Тагови: еко акцијапопова шапкасдсм

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

СВР Тетово со истраги за злоупотреби и уцени преку Фејсбук

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!