• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Еко Герила :  Да се испита како се изградил новиот водоснабдителен систем

24/02/2021
во Вести
Еко Герила
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението „Еко Герила“ побара да се испита како се изградил новиот водоснабдителен систем за Тетово поради честите дефекти и прекини во снабдувањето. Според нив независна комисија треба да утврди дали системот е направен согласно сите стандарди.

-Честите дефекти во новоизградената мрежа во Лешница оставаат сериозни сомневања за квалитетот на градбата, при што многу граѓани ја имаат изгубено довербата во сериозноста на работите кои ги реализира или нарачува Општина Тетово. Истражна комисија од независни експерти треба да го испита нивото на изградбата на оваа мрежа и дали таа ги исполнува потребните стандарди и параметри за нормално функционирање и редовно снабдување со вода за пиење на градот Тетово, се вели во соопштението од Еко Герила.

Од организацијата посетуваат дека директорката на Инспекторатот за животна средина Ана Петровска, неодамна предупреди дека со изградбата на хидроцентралата на Шар Планина во Лешница, водата за пиење може да биде загадена и граѓаните на Тетово да бидат загрозени да останат и без вода.

-Изградбата е на само 300 метри близу до каптажата. Затоа, контролата на целата документација за градежни дозволи издадени од Општина Тетово за овие хидроцентрали мора да помине од експертска анализа. Последиците од овие градби од хидро-мафијата го загрозуваат Тетово и околината за правото на вода за пиење. Трпението на граѓаните е при крај. Некој треба да преземе одговорност за ова, велат  од Еко Герила. 

Новиот водоснабдителен систем за Тетово беше пуштен во употреба на 17 септември 2017 година. Предвидено е да обезбедува вода за пиење од планинските реки,  со што во системо се можни дополнителни максимални 250 литри вода во секунда. Новиот систем како долгорочно решение за недостигот на вода за пиење почна да се гради од 2000 година и имаше чести прекини во изградбата.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Неказнивност за семејно насилство- во Тетовско ниту една ефективна затворска казна во 2020 година

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.