• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Еко Герила: Дождот не е причина за поплавите во тетовско, туку изградбата на патишта за хидроцентралите

26/06/2020
во Вести
Еко Герила
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Еко Герила оценува дека неодамнешните поплави во селата од Полошкиот регион (Доброште, Теарце и сл.) не се резултат на дождови кои никогаш не биле отсутни во овој регион, туку се резултат на изградба на хидроцентралите во регионот.

-Штетата направена на околината за да се отворат патиштата каде што се изградени овие хидроцентрали е создавање можност за вакво поплавување. Сечење на дрвјата, копањето на земјата, пренасочувањето на речните корита, но и воведувањето на речните води во цевките за финансиска корист на некои луѓе блиски до централната и локалната власт, создаваат лизгање на земјиштето и поплави. Повеќе пати ги предупредувавме надлежните веднаш да престанат со изградбата на овие хидроцентрали со образложение дека ја уништуваат животната средина и екосистемот, но тие се правеа глуви кон потребите на граѓаните и се подготвени да им служат на интересите на нивните деловни партнери, истакнуваат од Еко Герила.

Според нив следната влада треба да ги разгледа решенијата и концесиите дадени за изградба на хидроцентрали.

-Воедно и да побара од обвинителството да ги испита сите што се согласиле на локацијата, дозволите за користење на водата и дозволите за изградба на овие хидроцентрали, со тоа што физички лица и правните субјекти да сносат кривична одговорност за предизвиканата штета.Ги повикуваме жителите од околните области да ја отворат оваа тема на состаноци со партиите, на кои партиите ќе ги замолат граѓаните да гласаат за нив во време на кампањата , но граѓаните треба да се водат по сопствено убедување и во согласност со сопствените интереси на денот на гласањето, се вели во соопштението на Еко Герила.

А.С

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Вести

Ќе се ограничи движењето со моторни возила во Национален парк Шар Планина, се подготвуваат информативни табли и апликација

31/05/2023
Вести

Дел од дивоградбите кои ќе може да се легализираат во Националниот парк Шар Планина ќе се користат за туризам

31/05/2023
Вести

Во акциска контрола на мотоциклисти откриени 21 прекршок, ќе платат казни од 45 до 500 евра во денарска противвредност

31/05/2023
Вести

Тетовската полиција почна нов превентивно-едукативен проект „Чекор по чекор“,

31/05/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 31 мај

30/05/2023
Следна објава

Трибина на коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Движење Беса во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!