• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Еко Герила побара одземање ингеренции на општина Тетово

19/07/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Невладината организација Еко Герила на прес конференција побара Владата и премиерот Зоран Заев да и ги одземат ингеренциите на општина Тетово поради големиот број нерешени проблеми пред се од аспект на животната средина.  Истакнаа дека покрај преку медиумите барањето и соодветно видео за состојбите ќе испратат до премиерот Заев.

-Градоначалничката Теута Арифи во вториот мандат  не успеа да одговори на потребите, барањата и законските обврски за да има чиста животна средина и функционален ред. Со оглед дека во предизборната кампања во 2017 вие и дадовте отворена поддршка ве молиме да ги одземете ингеренции на општина Тетово за кои истата не успеа да се справи и да ги управува, изјави Арианит Џафери од Еко Герила.

Пред новинарите го објавија видео за да визуелизираат како се намалуваат зелените површини поради градење нови згради.

-Иако парковите и зелените површини се во сопственост на сите граѓани, истите се бетонираат а општината молчи и не презема да се спречи тоа. Градот е претворен во урбана пропаст, преовладува сообраќаен хаос, недостаток на јавна чистота, депонии за отпад во повеќе делопви од градот, недостаотк на паркинг нста и јавен превоз, рече Џафери.

Попусто општина Тетово има ингеренции ако живееме во 19 век, сметаат во Еко Герила

-Според стандардите на ЕУ за секој граганин по жител треба да има по 15 квадрати зелена површина тоа е далеку од тоа што го има во Тетово. Не сме направиле студија колку е целосната површина узурпирана но тоа може да се види со голо око, тие зелени површини секој ден се изурпираат се повеќе и ги немаме.  И на лето и на зима со метли се чистат улици додека во земјата веќе имаат механизации за чистење на улиците. Нема јавен превоз, а има еден куп проблеми и обврски кои произлегуваат од законот за општините кои Тетово не е во можност да ги исполант и затоа е потребно тие ингеренции да се иземат, рече Џафери.

Александар Самарџиев

Тагови: еко герилаживотна срединаингеренцииопштина Тетово

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

Жител на Мала Речица приведен откако нападнал 25 годишник и му го украл возилото

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!