• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 27 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Еко Герила: Често пати општините не постапуваат по пријавите на граѓаните за еколошка несовесност

22/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со години сметот кој се остава на локација близу селото Доброште ќе достигне до огромна дива депонија ако не се преземат мерки за расчистување, алармираат од еколошкото здружение Еко Герила од Тетово.  На најновите фотографии од местото кои ги објавуваат, се согледуваат комунален смет и градежен шут, во шумски предел.

-Согласно Законот за локална самоуправа, член 22, став (1) 4, општините се должни да транспортираат и преработуваат комунален цврст отпад , но тоа не го сторат. За ова утрово биле контактирани Општина Теарце и нејзиниот градоначалник Исен Асани и следно е претставка до Инспекцискиот Совет на Република Северна Македонија и до Владата во Скопје, каде ќе бараме Општина Теарце и градоначалникот Асани да одговорат пред законот, информираат од Еко Герила.

Аријанит Џафери од Еко Герила објаснува дека повеќе пати се случува по добиена дојава за создавање на дива депонија тие да испратат барање да се расчисти сметот до инспекторите и до општините, но нема реакција од надлежните во локалните самоуправи. Освен во најновиот случај со Доброште, вели дека често пати барале до општина Тетово да постапува за одредени состојби.

-Се случува често иако неколку пати е пријавен проблемот, да не биде решен. Потоа доколу по одреден временски период нема резултат се одлучуваме да се јавиме во инспекцискиот совет. Таа установа е надлежна да се утврдат зошто на пример инспектор или општинска служба не постапила по пријавата на граѓаните, објаснува Џафери.

Општина Тетово на савојат интернет страница има подкатегорија Е-репорт каде граѓаните и директно можат да пријават несовесните однесувања на физички и правни лица кои со своите постапки ја загадуваат животната средина.

-Општинските еколошки инспектори ќе реагираат за секој случај пријавен од страна на граѓаните, кои мора да пополнат образец и да испратат фотографии од местото на настанот, се вели на интернет страницата.

На почетокот на октомври градоначалниците од полошкиот регион добија насоки од експерти како да се се реализира првата фаза од долгорочниот план за справување со отпадот формирање на регионална депонија Русино.  Планот опфаќа три фази во периодот 2019-2029, а во првата  предвидува формирање на заедничко јавно претријатие како и брзи и итни мерки за подобрување на сегашниот статус на депонијата Русино.

 

 

 

 

Тагови: еко гериланесосвесностотпадсмет

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

69 годишник застрелал куче со ловека пушка, полиција му го одзела оружјето

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.