• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Ернест Ѓока од Албанија нов шеф на стручниот штаб на ФК Шкендија од Тетово

Тој е 49 годишен фудбалски тренер од Тирана, а денес по потпишувањето на договорот ја одржа и првата средба со фудбалерите.

08/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовскиот фудбалски прволигаш Шкендија објави дека од денес нов шеф на стручниот штаб е Ернест Ѓока. Тој е 49 годишен фудбалски тренер од Тирана, Албанија, а денес по потпишувањето на договорот ја одржа и првата средба со фудбалерите.

-Мислам дека дојдов Шкендија, што е, пред сè, професионален клуб и многу внимателно конструиран клуб. Првите впечатоци ми се многу добри и мислам и се надевам дека ќе ги имам овие впечатоци што ги имам денес цело време додека работам овде. Подготвен сум за овој предизвик, да се биде шампион, да се оди во Лигата на Европа, и зошто не и Лигата на шампионите “ изјави новиот тренер.

Ѓока е еден од тренерите кој во последните години освоил трофеи во Албанија, и тоа две шампионски и една Куп титула со Кукс.  Има работено како тренер за Влазнија од Скадар,Камза,  Фљамуртари од Валона, Томори и Аполонија.

Шкендија му се заблагодари на досегашниот тренер Ерхан Селими, за неговиот придонес и позитивните резултати за време на неговиот мандат, посакувајќи му и понатаму успех како шеф на фудбалската школа.

Тагови: нов тренерфк шкендија

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Тетовец доби кривична пријава зошто се заканувал на Фејсбук на луѓето од пајак службата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.