• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Жена на 35 години го прекршила полицискиот час во Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово воедно апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината одлука за ограничено движење и сите мерки и препораки за справување со „коронавирусот“.

27/03/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската полиција во периодот од 7 часот вчера 26 март до утрово во 7 часот открило уште едно лице коие не ја почитувало почитувале владината одлука за ограничено движење. Станува збор за женско лице на возраст од 35 години, а била лишена од слобода во 22 часот  на улица „Вонвардарска“ во Тетово. Вкупно досега 31 лице го прекршиле полицискиот час.

Секторот за внатрешни работи Тетово воедно апелира до граѓаните целосно да ја почитуваат владината одлука за ограничено движење и сите мерки и препораки за справување со „коронавирусот“.

-СВР Тетово уште еднаш апелира до  граѓаните да се воздржат од непотребно излегување од нивните домови, зашто можат да ги доведат во прашање сопствениот и животот на своите најблиски во семејството, роднини, пријатели и соседи, на своите сограѓани. СВР Тетово и со конкретен совет до сите на подрачјето: Останете дома и најдете нешто што ќе ве направи спокојни и во овие навистина сериозни мигови, кога животите се во прашање, а секој човечки живот нема цена и со ништо друго не може  да се надомести. Оние на кои им е потребна било каква помош од делокругот на професионалните обврски на СВР Тетово, како и досега, можат да се јават на телефонскиот број 192, се истакнува во соопштението на портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифоски.

Вчера тетовката полиција во содејство со Државниот пазарен инспекторат, во Тетово и тетовска Голема Речица има откриено 3 угостителски објекти, кои биле отворени и работеле. Објектите се затворени, а против нивните сопственици ќе следуваат поднесоци.

 

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Втор жител на Тетово регистриран како заболен од коронавирус

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!