Почината е жена на 72 години од тетовско поради коронавирусот, со што бројката на луѓе кои го изгубија животот поради болеста е 92. Вкупно заболени има досега 1549, додека активно болни се 188 лица. Новозаболени во тетовско се 13 лица, а оздравени пет.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти.
Во болнички услови починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.).