Тетовската полиција информира дека вчера 11 јули околу 9 часот и 30 минути во тетовското село Челопек, во С.И.(56) од тоа село, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски таблици, удрил во паркирано патничко возило.
По незгодата, С.И. бил пренесен во тетовската клиничка болница, каде била констатирана негова смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.