Вчеравечер (29 јуни) околу 23 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово во тетовско Једоарце го лишиле од слобода 40-годишниот Ј.Х. од тетовско Џепчиште, кој на 27 и 28 јуни годинава, во два наврати провалувал во викендичка во ова село. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти денес тетовската полиција.