• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 30 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Загадената планета тематика на американски филм во чија продукција учествува и тетовецот Игор Томески

На социјалните мрежи веќе може да се види трејлерот за „Раса“.  Планирано да трае два и пол часа. Сценариото има 160 страници,  покрај Томески е напишано и од Џереми де Бери, со кого заедно се како тим на продуценти.

24/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Загадената животна средина, неподносливите услови за живот на планетата Земја и барањето живот на друга планета е сижето на филмот „Раса“ на чија продукција во Соединетите Американски Држави работи и младиот тетовец Игор Томески, инаку со американско универзитетско образование во областа на филмот и режијата. Жанрот на филмот е акциона авантура со елементи на научна фантастика.

-Дејствието е сместено во далечна иднина кога Земјата е доста загадена и условите за живот се неиздржливи. Група на земјани тргнуваат во авантура да населат нова планета и да започнат нов почеток, со нови зацртани правила и вредности за начин на живот од кои не смее да има девијација за да се избегне сличната судбина. Меѓутоа, на бродот за вселенско патување, дел од учесниците на мисијата составаат саботерска група која го руши бродот на сосема друга планета. Се јавува поделба на две групации со две сосема различни идеологии кои треба да живеат заедно. Филмот го поставува прашањето, дали сме подготвени за нов почеток, да истраеме во почитувањето на одредени вредности и дали менувањето на планета би не сменило нас, објаснува Игор.

На социјалните мрежи веќе може да се види трејлерот за „Раса“.  Планирано да трае два и пол часа. Сценариото има 160 страници,  покрај Томесвки е напишано и од Џереми де Бери, со кого заедно се како тим на продуценти.

-Моментално филмот е во фаза на докомплетирање на средствата и се почнува и со пред-продукцијата. До крајот на годината, се планира да се почне и со продукцијата и да започне снимањето,  на локации во Џорџија и Флорида во САД, бидејќи првичната поддршка е добиена од овие две држави. Режисер на филмот е Конор Бреј, кој е филмаџија од Флорида, со повеќе награди, вели Томески.

Покрај Томески во креативниот тим учествуваат уште неколкумина млади Македонци, додека останатите се од Америка.

-Филмот е концепиран да биде инди-филм, без огромен буџет и без премногу спектакуларни визуелни ефекти како блокбастерите, претендирајќи со едноставно раскажување да се постигне посакуваниот ефект, што за екипата претставува креативен предизвик, рече Томески.

Голем дел од актерската екипа на филмот се млади актери, и се остварува соработка со Здружението на филмски актери на Америка (Screen Actors Guild of America), каде се таргетирани актери од А и Б-категорија и други креативци.

 

 

 

Тагови: америкапродукцијарасафилм

Поврзани објави

Вести

Оштетено стакло од автомобил поради заталкан куршум

29/09/2023
Вести

Универзитетската библиотеката „Макс ван дер Штул“ со изложба на шеесетина уметнички дела создадени од ученици, студенти и академскиот кадар

28/09/2023
Вести

СВР Тетово: Приведен осомничен за кражба, украдениот предмет вратен на сопственикот

28/09/2023
Инфо компас

АПИС: Државна лотарија да ја преиспита одлуката за организирање игри на среќа на интернет

28/09/2023
Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Следна објава

Тетовец починал во Малта, потребна е финансиска помош семејството да го погреба

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!