Заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески денес во посета на Тетовско со градоналниците на Брвеница, Енвер Пајазити и на Јегуновце, Дарко Блажески беше на увид на изведбата на три проекти.
Реконструкција и рехабилитација на ул. ,,Браќа Јаниќ’’ во с.Брвеница, реконструкција на локален пат с.Јажинце-спој со регионален пат Тетово-Јажинце и реконструкција на постојниот плоштад во с.Вратница се проекти финансирани преку Програмата за рамномерен регионален развој. Посветено работиме на интензивирање на развојот на општините и регионите, преку поддршка на реални проекти со кои се решаваат реалните потреби на граѓаните, информира Павлески во допис до медиумите.