• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 28 мај 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Започнаа активностите за одбележување на 100 години од постоење на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово

14/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со свечено отворање и повеќе настани вчера во Тетово започнаа активностите за одбележување на 100 години од постоењето на Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“. Во Спомен куќата на Јовановци при Музејот на тетовски крај се одржаа три активности.

-Во рамки на одбележувањето на јубилејот 100 години од постоењето на Здружението активностите започнаа со промоција на дигиталната форма на книгата „Тетовски песни од 1872 година“ со настап на групата Серенада и презентирање на дел од песните во споменатото дело.Го промовиравме алманахот на песни „Мајски латици-1“ каде се застапени 30 поети, при што награди добија најдобрите песни во категорија на деца, младинци и возрасни. Воедно плакети добија сите застапени поети.  На крај промовиран беше алманахот на афоризми и карикатура „Насмевки-1“ каде се застапени 15 автори со 500 афоризми и карикатури, информираше Милорад Ѓорѓевски, претседател на Здружението.

Активностите продолжуваат на 17 мај вторник, кога во 11 часот во населбата Два бреста ќе се положи цвеќе пред споменикот на патронот Иљо Антески-Смок. Од 18.30 часот вечерта во Музејот на тетовски крај ќе биде отворена изложба на фотографии по повод стогодишниот јубилеј.

Потоа до 24 мај продолжуваат настани како концерти, промоции на книги, фолклорен фестивал како и дефиле на фолклорни групи каде покрај домаќините, ќе гостуваат ансамбли од повеќе градови како и од Албанија и Србија. 

Здружението за култура и уметност „Иљо Антески-Смок“ од Тетово е формирано во 1922 под името „Бинички“ кое во 1947 година е преименувано со сегашниот назив.

ас 

Поврзани објави

Вести

Утре е 40-тото искачување на Титов врв во организација на планинарски клуб „Љуботен“

28/05/2022
Актуелно

Манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ утре по деветти пат се одржува во Теарце

27/05/2022
Вести

Новоформираната јавна установа Национален парк Шар Планина добива средства за функционирање од приватен фонд

27/05/2022
Вести

Пензионерите од цела Македонија во Тетово се собраа на „Мултиетничка средба“

27/05/2022
Вести

Тројца приведени-за најдена дрога, осомничен за кражби и за издржување на затворска казна

27/05/2022
Вести

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ реализира два проекти со цел афирмација на читањето книги

27/05/2022
Следна објава

Камерна претстава „Бубрегот“ на Марјан Георгиевски изведена во Тетовски театар

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.