• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Започна бербата на костени во потшарпланиското село Варвара

Шарпланиското село Варвара кое изобилува со костенови дрва за прв пат организираше манифестација со која се означи почетокот на бербата на костеновите плодови

07/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Шарпланиското село Варвара кое изобилува со костенови дрва за прв пат организираше манифестација со која се означи почетокот на бербата на костеновите плодови. „Варвара и костените“ е насловена манифестацијата која се состоеше со црковна прослава, културно-уметничната програма и заедничко гоштевање на домаќините и гостите.

-Манифестацијата започна со црковна литургија и кршење на славските колачи. Во рамки на културно уметничката програма настапија девет естрадни уметници како и културно уметничкото друштво „Ристо Донев-Учителот“ од Штип. На софра беше поставен селскиот специјалитет гравче со жуле, изјави Милорад Серафимовски од месната заедница на Варвара.

Во Варвара има над 40 хектари шумски предел со костенови дрвја, во сопственост на луѓе со имоти во селото

-Во повисоките планински села како Варвара бербата на костените започнува во првата недела од октомври за разлика од пониските каде и порано може да се берат плодовите. Бербата трае се до Петковден или околу 27 октомври. Од тогаш костените паѓаат сами на земја, вели Милорад Серафимовски од месната заедница на Варвара.

Тој потенцира дека веќе подолг период луѓето од Варвара се соочуваат со кражбите на костените од луѓе од други села.

-Семејствата кои имаат имот секогаш ги берат костените во овој период во октомври. Порано важеше непишаното правило дека никој не смее во октомври да собира плодови од туѓи дрвја и тоа се почитувало. Кога костените почнуваат да паѓаат на земја, се смета дека бербата веќе е завршена и дека може да се земат костени од било кое место. Сега луѓето погрешно интерптерираат и ги собираат костените па дури и до толку многу земаат за да потоа ги нудат за продажба.  Со тоа им се прави голема штета на сопствениците на костенови дрва, вели Серафимовски.

Костените на зелените пазари се продаваат од 50 до 70 денари.

 

 

Тагови: бербаварваракостени

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

СВР Тетово : Откриено кој украл речиси 85 илјади евра од куќа во Јанчиште

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!