• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Засадени 150 дрвца долж „Милениумската патека“ на Сува Гора

Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и  Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи  105 учесници ја поминаа патеката долга 9 километри и учествуваа во акцијата.

21/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Околу 150 дрвца се засададени долж „Милениумска патека“ планинарско-рекреативна акција која се спроведе вчера на падините на Сува Гора. Во организација на планинарскиот клуб Јелак од Тетово, Македонската Православна Црква и  Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи  105 учесници ја поминаа патеката долга 9 километри и учествуваа во акцијата.

-Планинарско-рекреативната акција започна од тетовското село Блаце и заврши во селото Волковија. Дрвцата се засадија на две локации кај црквата Света Екатерина во Стенче и во близина на месноста Чука кај Волковија. Имаше голем број млади и деца, со оглед дека станува збор за лесна патека за пешачење, информираа од ПК Јелак.

Оваа акција се организира по втор пат, а поводот е одбележување на 1000 години од Охридската Архиепископија. Поздравно слово во црквата Света Мина во Волковја каде заврши пешачењето одржи митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф.

-Патот на нашата Црква бил како оваа патека. Полн со восочини, но и со падови. Пред нас го поминале нашите предци, нашиот народ и свештенството, па страниците на нашата историја се исполнети со богати содржини, како што оваа патека е исполнета со нашето милениумско и постаро црковно и културно наследство: бројните археолошки локалитети, ранохристијанските храмови, поновите цркви и манастири, истакна владиката Јосиф.

Учесниците на Милениумската патеката, ги поминаа православните цркви „Пресвета Троица“ и  „Света Петка“ во  Блаце, ранохристијанската базилика во областа Граиште,  „Свети пророк Илија“, и новоизградената црква „Света Екатерина“ во Стенче. Во Волковија се поминаа „Свети Атанасиј“,„Свети Георгиј“ при некогашниот Волковски манастир и „Свети Мина“.

Тагови: милениумска патекаМПЦпк јелак

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Се одржа седмата манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!