Поради изведувањето на градежни работи за реконструкција и поставување на асфалт на регионалниот пат Р2234 деновиве делнцата ќе биде затворена за сообраќај од 9 д 18 часот, известуваат од тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат).
Тоа е делницата која ги поврзуваа селата од општина Јегуновце долж клисурата на реката Вардар со скопските села Радуша, Свиларе, Кондово па се до Сарај.
– Минатата недела е почната реконструкцијата. Од денеска до четврток во зависност од временските прилики треба да се поставува асфалт на дел од патот во должина од 4 километри преку целата широчина и нема да има можност за одвивање на сообраќај. Се врши поставување и „пеглање“ на асфалтот, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција Јавното претријатие.
Од претријатието советуваат граѓаните на Тетовско преку Јегуновце и Сиричино да пристапат до автопатот Тетово-Скопје како алтернативен правец за движење.
А.С