СВР Тетово информир дека денеска (03.04.2022) на подрачјето е спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 153 возачи.
Од нив, 32 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од максимално дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. 86 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 67 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а СВР Тетово апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што најнепосредно ќе придонесат за поголема безбедност во сообраќајот на поширокото тетовско-гостиварското подрачје.