• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За да најдат работа 19 невработени лица обучени за фризери и готвачи

Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Тетово реализираше две обуки по верифицирани програми за „Фризер за жени и мажи“ и „Готвач во угостителски објект“ со кои нови вештини стекнаа 19 досега невработени лица.  Обуката за фризери ја посетувале и успешно ја завршија 9 учеснички, а обуката за готвач ја посетувале и успешно ја завршија 10 лица.

06/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Тетово реализираше две обуки по верифицирани програми за „Фризер за жени и мажи“ и „Готвач во угостителски објект“ со кои нови вештини стекнаа 19 досега невработени лица.  Обуката за фризери ја посетувале и успешно ја завршија 9 учеснички, а обуката за готвач ја посетувале и успешно ја завршија 10 лица.

-Обуките од 1-ви мај до 31 август опфатија часови за теоретски дел, практичен дел и часови за проверка на постигнувањата на кандидатите. Учесниците следеа  стручно теоретски содржини кои се реализираа во училница/кабинет и беа во функција на практичната обука која пак, се изведуваше во реални услови кај соодветни работодавачи. Сите кандидати успешно ја завршија обуката и се стекнаа со соодветни знаења вештини и компетенции. За успешно реализираните обуки се стекна со соодветни сертификати по верифицирана програма, информираат од Граѓански универзитет.

Овие обуки за побарувани занимања се реализирани со поддршка на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Центарот за вработување Тетово, а како дел од новиот Оперативен план на Агенцијата за вработување за активни мерки и програми за вработување и  поддршка на невработените лица.  Сите учесници беа невработени лица од регионот на Тетово, активни баратели на работа.

Покрај овие обуки Отворен граѓански универзитет за доживотно учење нуди и неформално образование за возрасни по верификувани прогрограми за многу други занаети: ѕидари-фасадери, слаткари, ракувачи со градежна механизација, заварувачи, пекари и друго. Универзитетот нуди и валидација на претходно стекнати занаења и вештини во неформалното и информалното учење преку проверителни испити за сите занаетчиски дејности.

 

Тагови: готвачиневработениобукифризери

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Нападнат и повреден лекар од кожното одделение во тетовската болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.