За една недела се очекуваат да пристигнат пасошите од Германија, согласно комуникацијата на Министерството за внатрешни работи со фирмата Веридос која ги изработува. Ова го најави министерот Наќе Чулев кој денес беше во СВР Тетово.
-Согласно договорот пасошите треба да стигнат на 24 март. Во постојана комуникација сме и вршиме притисок до германската фирма Веридос која ги обезбедува пасошите и од нив имаме одредено ветување дека пасошите би требало да стигнат нод 7 до 10 дена, согласно договорот, што значи пред 24 март, истакна Чулев.
Треба да бидат испорачани 100 илјади пасоши.
-Така да ќе бидат задоволени сите потреби. Како МВР уште сега имаме план за зголемен број на извршители во издавање и изработка на пасошите. Согласно капацитетите на Министерството што значат производство на патни исиправи, дневните можности се до 3 илјади пасоши така да со оглед дека има побарувачка од 27 до 28 илјади пасоши сите потреби би се задоволиле до 10 дена, истакна министерот.
А.С