• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

За какви јавни набавки имаат склучено договори во ноември 2020 тетовските општини

10/12/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во текот на ноември 2020 година Општина Тетово склучила вкупно 14 договори според кои треба да се реализираат јавни набавки за спроведување на разни видови градежни работи, инфраструктурни проекти, услуги и слично. Дел од руралните општини во овој месец од 2020 немаат склучено договори, а две од нив имаат само еден склучен договор за јавни набавки. Мониторингот на склучените договори е извршен во рамки на проектот  „Анализа на јавните набавки во Полошки плански регион“  од страна на невладината организација „Младинска Алијанса“ и Тетово инфо.

Од 14-те договори на општина Тетово со највисока вредност е договорот склучен на 5 ноември со фирма од Мала Речица во висина од 11 милиони 480 илјади и 810 денари (со вклучен ДДВ) за реконструкција на улицата „Страшо Пинџур“. Истата фирма од Мала Речица има уште еден договор со Општина Тетово на 4 ноември 2020.  Тоа е за реконструкција на улицата „117-Дритон Хоџа“, а вредноста е 5 милиони 661 илјади и 935 денари. Договор од повеќе милиони денари се бележи и на 10 ноември, кога е потпишан со фирма од Селце за услугата „Рушење на безправно градени објекти“. Договорот е вреден 7 милиони 999 илјади 999 денари. Договор со најниска вредност е со фирма од Желино за реконструкција на улицата „29 Ноември“ во вредност од 603 илјади 938 денари.

Општина Тетово има склучени договори за следните активности:
4.11 Изградба на атмосферска канализација за ул.„Ѓ.Стојчевски“
4.11 Реконструкција на ул.„116“
4.11 Изградба на улично осветлување за ул.„Г.Делчев“
4.11 Изградба на улично осветлување за ул.„117-Д.Хоџа“
4.11 Изградба на улично осветлување за ул.„Ѓ.Стојчевски“

5.11 Реконструкција на ул.„117-Дритан Хоџа“
5.11 Реконструкција на ул.„С.Пинџур“

10.11 Рушење на безправно градени објекти
16.11 Набавка на горива за потребите на возен парк на општина Тетово и ТППЕ Тетово
16.11 Нафта за греење на општина Тетово и ТППЕ Тетово
16.11 Реконструкција на ул.„29 Ноември”

20.11 Набавка и транспорт на бехатон плочки
20.11 оплочување со бехатон плочки на пат и тротоар на дел од ул.„146“
26.11 Изградба на улица “2” и улица “7” во УБ 98

Општина Желино има само еден случен договор во текот на ноември. Станува збор за услугата „изработка на урбанистичка планска документација за с. Стримница, Групчин и Добарце“, во вредност од 1 милион 112 илјади 740 денари со фирма од Тетово, договорен на 12 ноември 2020. Општина Теарце на 25 ноември го има склучено единствениот договор со фирма од Тетово за услугата „ Зимско одржување на локални патишта и улици“ со вредност од 1 милион 416 илјади денари.

Од руралните општини опфатени во проектот, во ноември договори немаат склучено општините Јегуновце и Брвеница.

Сите склучени договори за јавни набавки во текот на ноември 2020 година се објавени во секторот склучени договори на интернет страницата на Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) при Бирото за јавни набавки.

Со цел подигање на транспарентноста и отчетноста во јавните набавки на ЕСЈН е воведена можност за објава на доделените договори за јавни набавки за постапките за доделување на договор за јавна набавка, при што целокупната јавност ќе има увид во истите.

Договорот за јавна набавка се прикачува во последниот чекор од формата на Известување за склучен договор и по објавувањето, истиот е достапен на јавната страна на ЕСЈН преку менито Известувања – Известување за склучен договор. Документот може да се симне преку колоната Документи на линкот „Прикажи“ или во самото досие на известувањето.

Моментално објавата на склучените договори е овозможена само за постапките за доделување на договор за јавна набавка кои се објавуваат преку модулот Известување за склучен договор, а во тек е имплементација на решение со кое ќе се овозможи објава на договорите за јавни набавки и за постапките со барање за прибирање на понуди.

Овој текст е изработен во рамки на проектот „Граѓански организации и Медиуми против корупција-Коалиција за нулта толеранција”.  Изработката на текстот е со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на публикацијата единствено се одговорни Младинска Алијанса-Тетово и Тетово Инфо и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Угостител во Пирок приведен поради прекршените прописи во време на епидемија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!