Соопштение на СВР Тетово 30 јули 2024
На 30.07.2024 во 00.05 часот во СВР Тетово, Ј.Б.(33) од Тетово пријавила дека на 29.07.2024 околу 23.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, поради недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 29.07.2024 во 10.30 часот на булевар „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле Д.Г. од Тетово, кој агресивно се однесувал кон нив додека извршувале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
На 29.07.2024 во 18.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Д.З.(40) од Тетово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.