• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
понеделник, 15 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во изминатите речиси шест месеци од 2022 година на тетовското подрачје изречени се вкупно 2430 мерки за погрешно паркирање, информира денеска СВР Тетово.

Сите овие луѓе добиле парична  глоба за овој вид прекршок, кои согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност. Воедно на на прекршителите им се наплаќа и одреден надоместок за подигнување на возилата од „пајак-службата“.

-Секторот за внатрешни работи Тетово со апел до сопствениците на возилата да не ги паркираат каде ќе стигнат и посебно не во таканаречени „двојни редови“, зашто секое непрописно, односно погрешно паркирање ќе биде соодветно санкционирано со изготвување на законски предвидените поднесоци и со подигнување на овие возила кои нeпосредно го попречуваат безбедното движење на другите учесници, вели портпаролот Марјан Јосифоски.

Со доаѓањето на времено вработените од странство во нивните родни места, кое во наредниот период уште повеќе ќе се интнзивира, на подрачјето на СВР Тетово значително се зголеми вкупниот број на возила и дневната сообраќајна фрекфренција по тетовските и гостиварските улици, но и на автопатотот, регионалните и локалните патишта.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово најавуваат дека ќе се преземаат мерки и активности, покрај другото, и за поголем ред и безбедност со паркирањето посебно во нивните централни подрачја, со цел да се пресретнат и санкционираат евентуалните мешаници како последица од погрешно паркирани возила.

ас

Поврзани објави

Актуелно

Во четврток ЖФК Љуботен ќе игра Лига на Шампиони

15/08/2022
Вести

СДСМ : Се залагаме за европско Тетово, затоа на 20 август масовно гласајте за бројот еден

15/08/2022
Вести

За шест часа 149 мерки за брзо возење-од нив 13 биле со 70 км на час над дозволеното

15/08/2022
Вести

Дафина Стојановска: ВМРО-ДПМНЕ во Тетово добива огромна поддршка, во новиот совет ќе биде одлучувачки фактор

14/08/2022
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Во Фалише и Сараќино средбата со жителите ја дава надежта за убедлива и сигурна победа

14/08/2022
Вести

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачески со порака до тетовци дадат поддршка за кандидатите за советници предводени од Глигорије Стојановски

14/08/2022
Следна објава

ВМРО-Народна партија Тетово ќе настапи со самостојна листа за избор на Совет на Општина Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.