СВР Тетово информира дека денеска во периодот од 9 до 14 часот спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 45 возачи.
-Од вкупно казнетите 32 се на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар. 41 возач возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шест за дури над 70 километри на час над дозволената.СВР Тетово повторно со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно, полицијата и возачите, да придонесеме за посигурни патишта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
А.С