• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За прв пат од постоење на зонско паркирање во Тетово обележани специјални паркинг места за лицата со посебни потреби

16/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За прв пат во осум години постоење на јавно претријатие за паркирање во Тетово денес започна обележување на специјални паркинг места за лицата со посебни потреби на повеќе локации во градот.

Работниците на јавното претријатие „Градски Паркинг“ од Тетово денес извршија соодветно обележување на тие места на улиците со бојадисување со темно сина боја и илустрација на човек во инвалидска количка. Луѓето со посебни потреби кои имаат и соодветни налепници на возилата ќе бидат ослободени од плаќање, а паркирањето ќе биде временски неограничено.

-ЈП Градски паркинг по осум години од постоење ја исполнува својата законска обврска-за инвалидни лица да обезбеди паркинг места кои се специјално обележани. Досега немаше обележано вакви места на улиците каде има зонско паркирање и тие немаа каде да се паркираат . Сега на овој начин ќе има паркинг места за овие граѓани, изјави Игор Додевски, директор на ЈП Градски паркинг.

Тој вели дека според законските обврски од 420 паркинг места во зоните А и Б така обврзани се направат 2 % за луѓето со посебни потреби но направени се нешто повеќе.

-Тие два проценти предвидуваат осум паркинг места но за да излеземе во пресрет на лицата со посебни потреби се означени неколку места повеќе односно 13 места за да може да паркират возила со ознаки дека патува лице со посебни потреби.  Местата се определени во договор со повеќето здруженија кои ги имаат лицата со посебни потреби. Апелирам останатите граѓани да не паркираат на овие места кои се видливи со сина боја. Пајак служба ќе го следи ова правило и ако некој возач го има прекршено, возилото ќе биде подигнато, изјави Додевски.

Вакви места има кај пазарот, општината, поштата, судот, подрачни единици на Министерствата и болницата. 

ас

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Започна рехабилитација на патот од Шемшово до Желино во Општина Јегуновце

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.