• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

За физички напади четири  приведувања вчера во Тетово

08/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пет луѓе се приведени во текот на изминатото деноноќие во Тетово, од кои четири се поради физички напади, а еден поради откриена дрога.  Две лица од четири приведени за физички напади се поради тоа што го направиле врз член од семејството.

-Вчера во 16 часот и 50 минути, 17-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека половина час пред тоа во нивниот дом физички ја нападнал нејзиниот 41-годишен татко кој нешто подоцна лишен е од слобода, а случајот целосно е расчистен и против него ќе следува поднесок. Во 21 часот и 50 минути, приведен е 34-годишниот од тетовски Пирок, кој физички ја нападнал неговата 34-годишна невенчана сопруга. Мажот е задржан во Полициската станица Тетово, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Исто така вчера во 18 часот и 20 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.А на 33 години од тетовско Боговиње, кој околу 17 часот физички го нападнал неговиот соселанец Љ.З.   Во нападот, според пријавеното, М.А. користел и дрвен предмет. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен поднесок.

Околу 23 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.А., затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот на А.А. ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

 

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

ДОМ со три предлози за заедничка зелена агенда со ДУИ во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!