Зголемена сообраќајна раздвиженост во периодот со оглед на неколку верски празници и подобрените временски услови резултира и со повеќе сообраќајни прекршоци во Тетово. Само во текот на вчерашниот ден од „пајак-службата“ биле подигнати 22 возила, погрешно паркирани во централното тетовско подрачје,информираат од полицијата.
-Контролните активности ќе продолжат и во наредните денови. Покрај тоа, засилено ќе се контролираат и мотоциклистите, до кои се апелира навреме да ги регистрираат мотоциклите и да ја користат заштитната опрема, а посебно, да не управуваат возило без возачка дозвола, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во изминатите четири месеци од оваа година вкупно санкционирала и во координација со тетовската локална самоуправа подигнала вкупно 570 непрописно паркирани возила.
А.С