• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Зголемен е бројот на луѓе каснати од бездомни кучиња во Тетово-во трите месеци од 2021 речиси колку целата 2020

23/04/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Големиот број пријави на жителите на Тетово дека биле каснати од бездомни кучиња ја доловуваат состојбата во градот со која се соочуваат граѓаните и алармираат за посеопфатно решение од страна на локалната самоуправа.  Статистиката на Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје ја прикажува состојбата, односно тоа дека во изминатите три месеци од 2021 година има огромен број на нападнати и каснати од кучиња скитници, ако се спореди со целата 2020 година.

Само во првите три месеци од 2021 година биле каснати вкупно 29 лица односно побарале и добиле вакцина против беснило во Инфективно одделение при Клиничка болница во Тетово. Во текот на целата 2020 вакцина против беснило затоа што биле искасани од бездомни кучиња имало дадено вакцина против беснило за вкупно 36 лица.

-Од 29 лица кои добиле вакцина во месеците јануари, февруари и март 2021 година, 11 се машки и 18 женски лица. Најмлади се две девојчиња на седум години, а најстаро едно машко лице во категорија на граѓани над 65 години. Од 36 лица кои добиле вакцина против беснило во текот на целата 2020 година 25 се машки, а 11 женски лица, информираат од Службата за социјална медицина и статистика при Центар за јавно здравје.

Дел од луѓето кои се искасани од бездомни кучиња случаите ги пријавуваат и во тетовската полиција.

-Годинава, заклучно со 21 април во СВР Тетово пријавени се 38 каснувања од бездомни кучиња, кои се случиле на подрачјето на Полициската станица Тетово и уште три на подрачјата на другите полициски одделенија. Минатата, 2020 година,пак, вкупниот број на пријавени напади и каснувања од кучиња изнесувал 50, за цела година, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Општина Тетово третманот на кучиња скитници го прави преку избор на ветеринарни ординации кои добиваат определени средства за таа намена. Според договорот објавен на електронскиот систем за јавни набавки најновиот склучен договор е на 25 февруари. Ветеринарната ординација добила три милиони денари за третман на бездомните кучиња и ќе постапува се додека има средства за тоа.

А.С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Две девојки приведени поради прекршување на полицискиот час во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!