• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Зголемен интерес за запишување во УЈИЕ -акредитирана програма за архитектура и дизајн 

10/08/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На Универзитетот на Југоисточна Европа интересот на студентите да се запишат во студиски програми е доста задоволителен, велат од Студентската служба. Интерес за запишување има за сите студиски програми а особено за новите акредитирани програми.

Идните студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, за прв пат во новата академска година, ќе имаат можност да изберат да студираат Архитектура и дизајн и да се стекнат со квалификација Магистер на науки во архитектура и дизајн.

Оваа студиска програма е акредитирана и се нуди на Факултетот за современи науки и технологии и е петгодишна програма и на крајот на студиите дипломираните студенти се квалификувани и може да обезбеди функционални и естетски решенија за архитектонски објекти, со различни функции, преку употреба на современи материјали, мебел, бои и светлина, согласно потребите за градба и дизајн.

-Оваа студиска програма беше дизајнирана и им се нуди на потенцијалните студенти по долгото студирање на потребите на пазарот на трудот и барањата за постдипломски студии за овој професионален профил. Ние реализиравме анкети, ги анализиравме барањата и ги создадовме условите и за просторните капацитети и наставниот кадар со цел да го обезбедиме најдоброто за студентите“, вели деканот на Факултетот за современи науки и технологии, проф. д-р Адриан Бесими.

Програмата Архитектура и дизајн има квалификуван академски кадар од земјава и во странство, архитекти и дизајнери со многу активна кариера, како во наставните така и во архитектонските проекти.

-Универзитетот има современа работна средина, како и современи лаборатории и опрема, кои им овозможуваат на студентите да ги совладаат потребните вештини за професијата, што ќе ги практикуваат во иднина. Во соработка со локалните бироа за дизајн, ќе ги ангажира студентите во практична работа со цел да ги применат знаењата стекнати од предавањата и да добијат нови практични искуства “, вели декан Бесими.

Студентите кои дипломираат на оваа област ќе имаат можност да бидат вработени во приватниот и јавниот сектор, вклучително и: студио за архитектонски дизајн, или градежни компании, студио за дизајн на ентериер, ниво на локална самоуправа, од општини и до окрузи и региони, локални и странски институции за научно истражување, на кои главен фокус им е полето на архитектурата, градежништвото и дизајнот. Дипломираните студенти можат да бидат вработени како наставници во институции и технички училишта за архитектура, градежништво и дизајн.

Универзитетот на Југоисточна Европа го објави Конкурсот за запишување студенти во новата академска година, во кој во првиот циклус се нудат 20 студиски програми, во вториот циклус 27 студиски програми и 11 студиски програми во третиот циклус на студии. Според Конкурсот за запишување студенти, во трите циклуси на студии на пет факултети (Факултет за современи општествени науки, Факултет за современи науки и технологии, Факултет за јазици, култури и комуникација, Факултет за бизнис и економија и Правен факултет), се очекува да се запишат околу 1300 студенти во Кампусот УЈИЕ во Тетово и во Скопје.

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Следна објава

Две крводарителски акции неделава, минатата седмица собрани 45 единици крв

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!