Завршени се градежните активности во дворот на тетовската полиција за подобрување на пристапот до трите згради на оваа институција за лицата со хендикеп. Воедно се финализираше и хортикултурно уредување, поставување на нови клупи и табли и слично во дворот на институцијата.
-Во дворот на СВР Тетово се реализираше планот на началникот Амир Далипи да се обликуваат посебни патеки за непречено движење на лицата со хендикеп и за нивен полесен пристап до службите за издавање на лични документи. Поставени се отворени чекални, каде граѓаните ќе можат да пополнат обрасци и да се засолнат од сонце или дожд како и нови клупи за седење, информираат од СВР Тетово.
Од активностите за средување и разубавување на просторот пред и околу трите деловни објекти во изминатите два месеци беше и засадување десетина нови украсни дрвца кои имаат и наменски систем за наводнување.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово потенциртат дека и во иднина ќе се работи на подобрување на вкупните услови за работа и за давање услуги на граѓаните.
А.С