• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

„Зелен фронт против малите хидроцентрали“ : Проблематично водоснабдување во Тетово е штетата од градењето хидроцентрали

25/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата на граѓански здруженија, екологисти, планинари „Зелен Фронт против малите хидроцентрали“ испрати реакција до јавноста поради неколкудневните проблеми со водоснабдувањето во Тетово кои според нив се појавени поради изградбата на неколку мали хидроцентрали на шарските реки.

-За жал, се случува она на што „Зелен Фронт против малите хидроцентрали“ уште лани предупредуваше, а тоа е дека уништувањето на природата за профит кога-тогаш ќе им се одмазди на луѓето. Изградбата на неколку мали хидроцентрали на шарските бистри реки не само што трајно ги уништува самите реки и живиот свет во нив, не само што го загрозува водоснабдувањето на луѓето од шарските села, туку, еве и на Тетово му испраќа предупредување кое вели: Стоп за изградба на мали хидроцентрали на шарските реки, стоп за хидроцентралата на Лешница, велат од иницијативата.

Според претставниците на иницијатовата „Зелен фронт“ за само неколку месеци природата неколкупати ги опоменува тетовчани и надлежните дека штетата е поголема од придобивките со градењето на енергетските објекти.

-Ппосегањето по реката Пена и нејзините притоки, нивното заробување во цевки, бетонирањето и преградувањето на нивните корита за изградба на мали хидроцентрали носи корист за малкумина, а штети за сите останати, вклучувајќи ја и самата природа. Во септември 2020 поради заматување на водата кај каптажата Лешница, предизвикано од копање во самото корито за изградба на хидроцентрала, Тетово имаше отежнато снабдување, во јануари годинава повторно се заматија лешничките води на Пена и повторно тој крак од тетовскиот водовод беше исклучен од системот, за по само еден месец природата да ја испрати и третата опомена, велат во соопштението.

Тие предупредуваат дека тетовци треба да го свртат погледите кон планината и да се запрашаат кој дозволува штетни проекти кои засекогаш ја уништуваат природата.

-Државниот Инспекторат за животна средина лани утврди дека изворот за водоснабдување на Тетово во месноста Лешница е незаштитен бидејќи нема определено заштитни зони, како што налагаат законите, а државата дозволува градилиште среде пена. Малата хидроцентрала која се гради среде реката, на Лешница, не е само рана врз планината, која никогаш нема да се залекува, туку е вистинска опасност и за луѓето на тетовскиот крај и на шарпланинските села и на скапоцентата лешничка шума и живиот свет на Шар Планина, велат од Зелен фронт.

Оваа иницијатива сво септември 2020 година во Тетово одржа еден собир на кој ги истакнаа ставовите, на 27 септември во месноста Лешница на Шар Планина организираше протестен собир против изградба на хидроцентрали.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Планирани исклучувања на електричната енергија за 26 февруари

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!