Премиерот Зоран Заев од Тетово каде присуствиваше на средба од процесот „Учи паметно, работи стручно“ истакна дека нема ништо спорно во личните карти да ја пишува етничката припадност.
-Прво, согласно меѓународните стандарди, државјанството е обврска. Со законот што го прифативме уште при уставните промени, а и сега сме на тој став, даваме опција да се впише и етничката припадност. Тоа значи дека покрај тоа што сме Македонци/граѓани на Република Северна Македонија, можеме да се пишеме и како етнички Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми… Личната карта е пред сѐ документ за лична идентификација во земјава. Добро е што личната карта во регионот на Западен Балкан може да се користи и како патен документ за влез во Србија, Албанија, Косово, Црна Гораи Босна и Херцеговина. Државата и навистина нѝ е мултиетничка и на граѓаните им е дадено правото во својата лична карта да ја имаат впишано и својата етничка припадност”, изјави Заев одговарајќи на новинарско прашање.