Шумски пожар под селото Гајре е изгаснат ноќеска од страна на тетовските пожарникари, на површина од околу 1000 метри квадратни. Командантот на противпожарната единица Ука Алити информира дека пожарот бил на нискостеблеста шума, а проблематична околност во вакви случаи е тешко пристапниот терен со што е големата опасноста огнот лесно да се шири и потешко да се совлада.
-Иако станува збор за помала шумска површина од само од 1000 метри квадратни ваквите пожари се опасни бидејќи се на планински предел и поради сувата вегетација во овој период лесно можеше да се прошири и кон селото. Ваквите пожари се тешки за гаснење поради отежантиот пристап до теренот.
Пожарникарите добиле повик околу 19.30 часот, а бил изгаснат за околу еден час. Интервенирале 4 пожарникари со едно возило.
А.С