Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во тетовско има 2 нови случаи на заболени со Ковид-19, додека излекувани се четири лица. Сега има 1155 вкупно дијагностицирани од кои активно болни се 155.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (18.08./19.08) за неносење заштитни маски на вкупно 39 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Низ Македонија се бележат вкупно 902 тестирања, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 112 оздравени пациенти. Починати се двајца пациенти од Куманово (64г и 72г), во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13076, бројката на оздравени пациенти е 9625, на починати е 551, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2900.