Како дел од активностите на Здружение за култура и уметност „Иљо Антески Смок“ од Тетово од понеделник 17 мај до недела 23 мај ќе има изложба на карикатури. Карикатурите насловени „Ковид-19“ се од авторот Мирослав Георгијевски-Миро, а ќе публиката ќе може да ги погледне во Музејот на тетовскиот крај.
-Оваа изложба е дел од активностите со кои се одбележуваа патронатот 99 години постоење, наследство, култура и уметност, десет годишниот јубилеј од пререгистрирањето во Здружение за култура и уметност шестата меѓународна културна манифестација „Денови на Иљо 2021“ со фолклорен фестивал што се планира во октомври. Воедно во тек е и овогодинешниот конкурс за најдобра необјавена песна за деца, млади и возрасни на темите „Мајски Латици“ и „Ликот и делото на Иљо Антески Смок“. вели Милорад Ѓорѓески, претседател на Здружението.
Преку изложбата авторот Георгијевски ќе се претстави со осумдесет карикатури во боја, поврзани со Ковид-19, односно обработка на поединечни теми, настани, однесувања.
А.С