Самостојната изложба со уметнички фотографии на кинематограферот и фотограф Халим Лута од Тетово ќе биде изложена до 14 ноември во Националната установа „Уметничка Галерија“. Изложбата е насловена „Природата како духовна слобода“, а авторот се претставува со 34 уметнички фотографии.
-Знам два типа на фотографи, оние кои го „замрзнуваат“ моментот и оние што го ослободуваат, или ја прикажуваат иднината на моментот. Халим Лута припаѓа на втората група на споменати фотографи. Неговата фотографија го започнува нејзиното патување, веднаш по моментот на снимањето, така што таа повеќе не се занимава со минатото, туку само со иднината,истакна на отворањето на изложбата професорот Осман Демири.
-Ние како институција сме подготвени да соработуваме и да бидеме секогаш со уметниците за да им помогнеме да ги поддржиме, рече директорот на галерија за визуелни уметности Решат Пајазити.
Халим Лута роден 1985 година во Тетово. Дипломирал на камера и фотографија на Државниот универзитет во Тетово. Учествувал на повеќе колективни изложби на фотографија, дома и во странство, во моментов работи како филмски продуцент, кинематографер и фотограф.