• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Изложба „85 години Попова Шапка“ по повод отворањето на првиот дом на Попова Шапка

12/11/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Преку изложба насловена 85 години Попова Шапка планинарскиот клуб Љуботен од Тетово ја одбележа јубилејната годишнина од отворањето на првиот планинарско-скијачки дом „Попова Шапка“ на 11 ноември 1934 година. На изложбата беа поставени 20 паноа со фотографии и текст за историскиот развој на Попова Шапка од 30-тите години на минатиот век досега, 17 паноа со историски документи и фотографии како и 25 оригинални предмети од историско значење за планинарството и скијањето.

-На 11 ноември 1934 со отворањето на првиот дом започнува приказната за создавањето на Попова Шапка како скијачки и планинарски центар. Уште од тогаш голем број ентузијасти, визионери и пионери ја трасираат патеката по која ние денес одиме. Секогаш се прашувам дали на ним им било потешко пред 85 години или на нас денес. Да се градат објекти без пат, без превозни средства како што има денес. Тешко било но сепак некој го трасирал тој пат. Развојот на Шапка ја покажува волјата на населението и стремењето кон европските вредности почитувајќи ја сопствената традиција, истакна на отворањето Јован Божиновски,претседател на планинарскиот клуб Љуботен.

На паноата преку фотографиите присутните имаа можност да прочитаат како се одивала градбата на домот, за што било објавувано во тогашните весници. Гостите имаа можност да ги видат и сочуваните предмети како првите рачно изработени скии во Тетово во 1931 година од Никола Николовски-Коларот, потоа санка за спасување повредени од 1947 година и слично.

-Овие приказни и предмети не потсетуваат дека ПК Љуботен заслужил поголема поддршка од државата па и меѓународните организации за отворање на планинарско-скијачки музеј во Тетово кој што и со оваа изложба се докажува дека претставува перјаница на скијачките и планинарските спортови во нашата држава, истакна во пригодното обраќање историчарот Бранислав Светозаревиќ.

Првиот дом кога бил изграден имал 4 простории, со три спални со 20 кревети и трпезарија со кујна. На негово место сега постои хотелот Попова Шапка.

Тагови: 85 години попова шапкаизложбаПК Љуботен

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Вечерва пред општина Тетово протест, внатре владина седница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.