• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Илинден во Лукојца (Луковица)

Празникот Свети Илија Илинден секоја година е причина оние кои потекнуваат од Луковица го посетуваат родното место кога патрониот празник го одбележува манастирската црква Свети Илија. Празнична богослужба отслужи отец Мирко Станковски.  За сите присутни беше подготвен празничен ручек од страна на кумовите.

03/08/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Празникот Свети Илија Илинден секоја година е причина оние кои потекнуваат од Луковица го посетуваат родното место кога патрониот празник го одбележува манастирската црква Свети Илија. Празнична богослужба отслужи отец Мирко Станковски.  За сите присутни беше подготвен празничен ручек од страна на кумовите.

-Секоја година се обидуваме да организираме црковно-народен собир. Доаѓаат оние кои потекнуваат од тука а живеат насекаде низ Македонија и во странство. Се собираат по 12 кумови кои ја организираат прославата.  Кумовите се одрдедуваат по случајност односно оние кои ќе најдат париче во славските лебови од годинешната прослава. Со донации на верници во 2014 година започнавме да градиме и конак каде ќе може да престојуваат 15-ти луѓе. Има уште работа за градба на санитарен чвор, додека собите и трпезаријата се готови, изјави Ацо Спасеновски од црковниот одбор.

На влезот во Луковица или Лукојца како што најчесто дијалектолошки се нарекува од мештаните се наоѓа една од трите цркви во селото-Света Петка. Во селото ја има и црквата Свети Ѓорѓи.

Во моментот во Луковица има помалку од 40-тина жители.  Селото броело и над стотина куќи но иселувањето е причина голем број објекти да останат руинирани и неупотребливи за живеење или иселени.  Коловозна лента има до месноста „Крстец“ односно крстосница каде патот продолжува до Седларево или се оди лево до Луковица.  Од тука почнуваат шестте километри до Луковица, неасфалтираната делница. Од сите 18 села во општина Желино само во Луковица живеат Македонци.

Тагови: илинденлукојцасвети илија

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава

Фото вест-пожар во Шипковица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.