• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 24 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка“ : Се уништува шумата за да се градат нови објекти на Шара

Шар Планина е под ризик од мафијата која гради хидроцентрали. Се сечат дрвја и се уништува зеленило кај Лешница која со ова уништување го губи епитетот на најубавиот место на Шара. Се поставуваат прашањата кој не дозволува да се прогласи Шар Планина за национален парк, кој е одговорен за уништувањето на Шар Планина, велат од иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка“.

10/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка“ објави фотографии со објаснување дека станува збор за најновата состојба од пред два дена Шар Планина каде се сечат многу дрва и се уништува зеленилото со цел да се градат нови објекти. Според нив станува збор за реонот на селото Бозовце како и во близина на месноста Лешница.

-Шар Планина е под ризик од мафијата која гради хидроцентрали. Се сечат дрвја и се уништува зеленило кај Лешница која со ова уништување го губи епитетот на најубавиот место на Шара. Се поставуваат прашањата кој не дозволува да се прогласи Шар Планина за национален парк, кој е одговорен за уништувањето на Шар Планина, велат од иницијативата “Да ја спасиме Попова Шапка“.

Минатиот месец поголем број планинари исто тка преку фотографии алармираа дека забележале дека има складирани стотици кубни метри дрва, исечени стебла, уништени шумски предели за да се пробијат диви патишта.

Исто така во септември министри, градоначалници и амбсадори прошетаа низ Шар Планина во рамки на кампањата за потребата да се прогласи национален парк.

-Работите привршуваат и во наредните месеци очекуваме прогласувањето да се реализира. Таа динамика коинцидира со процесот на започнување на преговори со што даваме две пораки дека политички созреавме да станеме дел од Унијата и се доближуваме на европските стандарди за заштитено подрачје, изјави во септември вицепремиерот Бујар Османи

Македонија има 9 отсто заштитена зона низ државата, а со прогласување на Шар Планина за национален парк би се зголемило на 12 проценти.

 

Тагови: да ја спасиме попова шапкаШар Планинашумата

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

За девет месеци 2421 казна за непрописно паркирање во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.