Претставници на граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“кои имаа кратка средба со претседателот на Владата, Оливер Спасовски, реагираа до јавноста дека околу шестоседната жичница се уште има недостатоци. Тие сметаат дека и понатаму има техничка неподготвеност, иако добиле спротивно уверување од премиерот.
Хамди Сулејмани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ посочува дека имаат информации дека уште технички не се подготвени сите документи.
-Премиерот во непосредба средба тука рече дека сите документи и технички извештаи се спремни и сите ќе ги објават. Таму има технички прием од надзорен инженер, треба да има извештај од производителот дека тоа може да се стави во фунцкија, истакна Хамди Сулејмани од Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“.
Според него, природната околина на шестоседот, исто така е уништена.
-Во последна ставка за изведба на овој проект стои дека целиот простор, цел тој коридор каде минува жичницата треба да се врати во првобитна состојба. Терените се уништени и таа земја може да ја фати ерозија и со тоа да му се наштети на шестоседот, рече Сулејмани.
Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ смета дека за развој на Попова Шапка е потребно да се замени ЕСМ како менаџмер на капацитетот.
-Тие велат дека сакаат да ги продадат хотелите но не и ски лифтовите зошто сакаат да се фокусираат на производство на енергија, но тоа е контрадикторно. Сигурно дека треба странски инвестиција или менаџмент да го раководи овој капацитет кој е поголем од сите други во регионот, рече Сулејмани.