• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Инфо компас

ИСИЕ: Локалните јавни претпријатија во Полошкиот Регион во голем дел не ги применуваат критериумите за отчетност и транспарентност

17/08/2020
во Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиумите во контрола над работата на јавните претпријатија во Полошкиот плански регион“, Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ од Скопје спроведе анализа над работата на локалните јавни претпријатија во Полошкиот Плански Регион за 2019 година, согласно Алатката за отчетност и транспарентност изготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации. Целта на активноста беше да се процени состојбата во овој сегмент за локалните јавни претпријатија во овој плански регион врз основа на што беа формулирани препораки.

Истражувањето опфати 8 локални јавни претпријатија во Полошкиот плански регион и покажа дека во голем дел локалните јавни претпријатија во Полошкиот плански регион не ги применуваат критериумите за отчетност и транспарентност, согласно со Алатката изготвена од страна на Центарот за граѓански комуникации.

Во таа насока, во рамките на истражувањето се наметнаа следниве заклучоци:

-Ниедно од анализираните претпријатија во Полошкиот Плански Регион не објавува податоци за членовите на управниот и надзорниот одбор и нивните биографии, надоместот кои им се исплаќа, списокот на вработени и нивните контакт податоци како и навремени информации од седниците на управниот одбор.

-Во ниедно јавно претпријатие во овој плански регион не постои посебен оддел за пристап до информации.

-Ниедно од локалните јавни претпријатија нема објавено Правилник за заштитено внатрешно пријавување како и основни податоци за контакт – лице за заштитено внатрешно пријавување.

-Ниедно претпријатие нема објавено Оперативен извештај за работењето во 2019 година; редовни квартални финансиски извештаи; Ревизорски извештај за 2019 година; статистички информации поврзани со нивната дејност; Годишен план за јавни набавки, огласи и тендерски документации како и известувања за склучени и реализирани договори за јавни набавки на нивните веб-локации.

-Само едно претпријатие од анализираните има објавено: (1) листа на информации од јавен карактер со кои располага претпријатието; (2) основни податоци за контакт со имателот на информацијата во претпријатието; (3) основни податоци за контакт со службеното лице за посредување со информации; (4) објаснет начин за поднесување на барање за пристап до информации; (5) закони кои се однесуваат на надлежноста на претпријатието; (6) статутот на претпријатието; (7) програма за работа и развој; (8) организациската шема на локалното јавно претпријатие.

-Од друга страна, значајно е да се нагласи дека неколку претпријатија во Полошкиот плански Регион имаат објавено податоци од надлежностите кои ги извршуваат, односно му се утврдени со закон како и ги имаат објавено видовите услуги што ги дава претпријатието.

Од анализата може да се заклучи дека постои евидентен простор за подобрување на активностите и капацитетите на локалните јавните претпријатија во Полошкиот Плански Регион за подобра отчетност и транспарентност на работењето. Се наметнува потреба од континуирана едукација на менаџментот и вработените за законските обврски во делот на транспарентност како и за следење на најдобрите практики на другите релевантни институции особено јавните претпријатија на национално ниво во однос на отчетноста на трошењето на јавните пари.

Ова истражување е изготвено со помош на грант доделен преку проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Здружението Конект и Здружението на даночни советници.

Повеќе информации можете да најдете на следниов линк https://isie.org.mk/2020/08/17/local-public-enterprises-in-polog-region-require-more-accountability-and-transparency/

 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Фирмите најголеми неплаќачи на даноци во Општина Тетово

23/09/2023
Инфо компас

Изучување на курсеви по англиски и германски јазик во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Тетово  

15/09/2023
Инфо компас

Како да уловиш ваучер од 5.000 денари и квалитетен покрив?

11/09/2023
Инфо компас

Планирани прекини во снабдување со електрична енергија за понеделник 11 септември  2023 година

10/09/2023
Инфо компас

Бамбар Дизајн – фирма за производство на мебел вработува општи работници и лица за шиење при производство на тапациран мебел

07/09/2023
Инфо компас

Zlatesky Photography – Ние ги зачувуваме вашите најубави моменти

06/09/2023
Следна објава
бензин горива нафта

Мало намалување на малопродажните цени на нафтените деривати

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!