• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 28 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

И во Тетово започнува уличната продажба на списанието „Лице в лице“

Списанието чини 100 денари, од кои половина е заработка за продавачот.

27/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од денес и во Тетово ќе се продава единствениот уличното списание во државата Лице в лице.  По тој повод се одржа интерактивна промоција насловена „Лице в лице патување – од его кон еко“. Досега списанието се продава во шест градови од 30-тина продавачи на отворено. Списанието чини 100 денари, од кои половина е заработка за продавачот.

-Задоволство е огромно за нас бидејќи имаме голем број поддржувачи кои го обезбедуваа списанието само во Скопје, па сега ќе имаат можност тоа да го прават во Тетово. Уличниот печат е значен за развој во социјалната економија и дава шанса на лица кои се потешко вработливи, да се интегрират и да се засилуваат социјално и економски. Она што се зборува во филмот „Медена земја“ вредноста половина-половина, е она што го ние потребно и во социјалната економија за да се направи балансот во однос на искористување на природните ресурси но и економијата, изјави Климентина Илијевски, главна уредничка на списанието.

Мухамед Усени е 16 годишното момче кое во иднина ќе го продава списанието во Тетово.
-Јас сум од Теарце, се надевам дека на овој начин ќе успеам да заработам малку пари, рече Мухамед.

Повик за промена на навиките, преземање лична одговорност, но, и барање одговорност и будност од институциите, беа дел од пораките кои беа споделени на интерактивната промоција. Еко-активистот Аријанит Џафери од „Еко Герила“ посочи дека е поминато времето кога очите на граѓаните треба да се вперат кон еколошките активисти или граѓанските организации кои работат во доменот на животната средина. Драги Неделчевски, амбасадор на „Лице в лице“ во Тетово и голем поддржувач, изјави дека со уличното списание другарува повеќе години и се поистоветува со списанието

Концептот на улична продажба на списанието „Лице в лице“  е развиена во 600 градови низ сите контитненти и го има на 26 јазици.

А.С

Поврзани објави

Инфо компас

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово на „Разговори“ за современата хрватската книжевност

28/09/2023
Инфо компас

Техничкиот преглед Автостар Плус Тетово е место каде може да се легализираат нерегистрирани трактори, тракторски приколки, мотокултиватори, камп-приколки, мобилни машини, приколки за автомобили и мотоцикли (мотори)

28/09/2023
Инфо компас

Во недела од 3 до 9 наутро нема да има струја поради работа на трафостаница

28/09/2023
Вести

Во Једоарце се празнуваше Крстовден

27/09/2023
Вести

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

27/09/2023
Вести

Општина Тетово: Над 45.000 учебници недостасуваат во тетовските училишта

27/09/2023
Следна објава

СВР Тетово ќе ги едуцира учениците за безбедност на интернет

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!