• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 23 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

И денес има непријатна миризба и чад поради вчерашниот пожар

31/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Остатоците од изгорената зграда на „Македонија табак“ се уште испуштаат чад, а пожарникарите и денес се таму и работат на целосно изгаснување и ликвидирање на пожарот.  Чадот е причина и понатаму во Тетово да се чуствува непријатна миризба, која ги тера граѓаните на кашлање и гадење.

Неколкумина владини министри кои беа да ја видат состојбата уверуваат дека се мери постојано  дали воздухот е загаден, иако во неколку наврати не е достапна страницата за квалитет на воздухот.

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами беа во посета на локација на поранешната зграда на „Македонија Табак“

-Сега за сега битно е дека се е над контрола. Но уште очекуваме извештаи да знаеме што гори, од тие податоци што ги имаме од мерна станица во Тетово укажува дека се зголемуваат тие загадувања, но за среќа голема ние сме во контакт со градоначалникот на Тетово, и ги кооординираме сите мерки.  Битно е немаме големо загадување во Тетово, ние споделуваме секој саат податоци на фејсбук страна и се координираме со општината и други институции, изјави Насер Нуредини.

-Тука сме денес дојдовме во посета да видиме колкава е штетата за жал материјалната штета навистина е голема за среќа нема човечки жртви тоа е најважно, секоја материјална штета ќе се надокнади заеднички како што заеднички си помагаме кога треба компаниите да прават инвестиција компаниите особено една компанија како Пофикс која важи за доста голема компанија во државата, ќе треба заеднички да изнајдеме начин како да се помогне во надомест на материјалната штета заеднички, затоа што сметам дека вака треба да се грижи државата, изјави Фатмир Битиќи.

Градоначалникот Касами информираше дека учениците може да одат на училиште со оглед на нормалните вредности кои ги покажува станицата за мерење на квалитетот на амбинетниот воздух

-И јас сум родител, ми се јавија од дома и ме прашаа дали да го пуштат детето на школо, дозволете ми да им препорачувам на сите родители дека децата треба денес да одат на школо, тоа и го кажав на мојата сопруга од сабајле, параметрите еве кажа и министерот дека се во рамките на нормала, имаше многу губење на наставата, не треба, тоа да продолжи така, така да јас ги замолувам сите родители сите наставници да од денеска продолжи во нормала наставниот процес, изјави Касами.

Од компанијата „Пофикс“ информираа дека штетата предизвикана од пожарот во нивните складиште првично изнесува над 12 милиони евра.Според нив причината се обилните дождови пред два кои предизвикаа поплави во одредени делови на градот.

За да почне увидот од страна на полицијата и обвинителството најверојатно ќе треба да поминат неколку дена ситуацијата со пожарот.

Докторот Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје Тетово препорача внимателност и да не се останува надвор без потреба.

-Параметрите што се достапни  се мирни, меѓутоа,  фактичката состојба што ни покажува, ни покажува еден непријатен мирис, надразнувачки, кој предизвикува кашлање, иритација на очите, и самиот тој мирс е загрозување на јавното здравје. Вчерашните наши препораки беа да не се борави на отворен простор и ако се борви најмалки со Н95 маска да се борави, исто така, препораките беа малите деца, хроничните болни и постарите луѓе без потреба да не излегуваат на отворен простор, изјави Давидовски.

Според него има и објаснување за појавата на таков мирис поради што може да има загрозување на јавното здравје.

-За непријатна миризба во воздухот, моја претпоставка зборувам во мое лично име, ова ме потсетува на емисии од топилиница, моја претпоставка е дека таму има никел на кровната конструкција, гореше никел, пластика, не зборуваме за стиропорот туку за  кровната конструкција, мирисот ме потсетува на мирис на заварување, а при заварувањето настанува  баш оној карактеристичен мирис поради никелот. Најверојатно настанало хемиска реакција меѓу никелот и јаглерод моноксидот потоа се создаваат оксиди кои даваат ваков карактеристичен мирис. Напоменувам дека тоа е моја претпоставка, изјави Давидовски.

Според него во случај да има барем малку ветер во Тетово непријатната миризба ќе исчезне.

Поврзани објави

ВМРО ДПМНЕ Тетово ОК
Вести

ВМРО ДПМНЕ: Реакција на Фејсбук објавата на градоначалникот Биљал Касами

22/03/2023
Вести

СДСМ: Градоначалникот Биљал Касами да не споделува ставови фаворизирајќи само една етничка група

22/03/2023
Вести

За 80 денови 1192 мерки за непрописно паркирани возила, 946 подигнати со пајак-возило

22/03/2023
Вести

Нов мултифункционален спортски терен во тетовската гимназија – донација од советникот Станислав Бојчески

22/03/2023
Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за Црвенкапа

22/03/2023
Вести

Прекин во напојување со електрична енергија на 22 март

22/03/2023
Следна објава

Промоција на најновиот 18 роман на тетовскиот писател Јован Дамјановски со наслов „Старецот и короната“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.