• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

И понатаму до Луковица не е прооден патот поради неисчистен снег

10/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Месната заедница од село Луковица повторно алармира дека десетина дена нивните жителите се соочуваат со непрооден пат кој не е исчистен од снег од страна на нивната општина Желино.  Станува збор за снежни врнежи кои се од 2 и 7 февруари, а според мештаните на создадена е покривка која на одредени места поради навеви достигнува и до еден метар.

-Патот не е продооден. Денес разговарав со директорот на ЈКП Желино кажа дека ќе биде. Ќе го очистат. Извршив контакт со градоначалникот кој кажа дека не знае ништо, ќе разговарал и ќе прател возило. Сакам да кажем дека највише не иритира локалниот пат од Групчин до Седларево, два пати е чистен, а нашиот дел не е очистен, изјави Миле Сибиновски од месната заедница.

Моментално има 45 луѓе кои што живеат таму. Единствено Борче Милошевски има теренско возило со кое едвај може да се помине низ патот со снег.

-Може да се помине само со тоа теренско возило кое на на сите четири тркала треба да има ланци.  Иначе нема шанси.  А нема да може и тоа возило ако стигне еден метар снег. До сега не сме имале никаков проблем. Овој проблем настана во овие две три недели. Зашто е настанат, појма немамо. Дали има нешто има некој друг проблем. Во врска со локални избори, што не сме му дале гласови на градоначалникот не знам што да кажам.  Тоа може да е. рече Сибиновски на средба со новинарите во Тетово.

Ацо Спасеновски од црковниот одбор вели има стари луѓе што не можат да дојдат до најблиската медицинска установа за да земат лекарства. Мештаните бараат да се исчисти пат од месноста Крстец до Луковица во должина од 5,5 километри. 

-Моментално што имаме залиха тоа трошиме. Многу се кратки залихите, така да ќе мораме. Не знам како ќе се снајдеме. Ќе видимо. Само Господ ако ни даде да не врне снег више, изјави Борче Милошевски, постојан жител на селото.

ОД Општина Желино во текот на денот на добивме одговор за состојбата со отстранување на снегот. Луковица е меѓу ретките села во државата до кое нема асфалтиран пат.

ас

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Од 10 до 14 часот казни за 39 пешаци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.