Во вчерашната акциска контрола за брзина со која се движат возилата во и надвор од населено место казнети се 30 возачи од тетовско, Од 30-те казнети лица 9 ја пречекориле брзината за повеќе од 70 километри на час, соопшти денес СВР Тетово.
-Покрај тие казни откриени се и 10 прекршоци во населено место. Откриените прекршоци заокружени се со 40 мандатни платни налози така што прекршителите ќе се соочат со законски предвидените санкции, односно со парични глоби и заштитна мерка – забрана за управување со моторно возило, зависно од видот и карактерот на прекршокот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Акцијата е спроведена од 15 до 20 часот.
А.С