• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Камерна претстава „Бубрегот“ на Марјан Георгиевски изведена во Тетовски театар

15/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово вчера вечер се одржа премиерата на на траги-комедијата „Бубрегот“ на македонски јазик по текст на австрискиот автор Штефан Фогел, а во режија на Марјан Георгиевски од Битолскиот театар. Беше изведена камерна претстава на која публиката непосредно до сцената ги почувствува сите емоции од текстот кои актерите успешно ги одиграа.

-Кога има камерна претстава актерите играат на блиску до публиката и имаат едно нешто да бидат вистинити,  да не лажираат, да се случува чинот вистина сега и тука. Тој контакт што се случува на сцена публиката го гледа на едно метро од нив и затоа е навистина голема возбудата да се прави претстава од тој тип. Ваквите приказни за два пара се случува во нашите животи, кои од една забава на крајот доживуваат и еден голем кошмар, изјави режисерот Марјан Георгиевски.

Тој како гостин од Битолски театар рече дека е презадоволен од процесот на соработка со овдешните актери и Тетовски театар и покрај тоа установата функционира под капа на Центар за култура.

-Некако најдовме начин да се координираме.  Презадоволни сме од целиот процес, работевме на најразлични принципи од психо-драма, најразлични анализи, имавме супер поткрепа. Имаше одлични реакции од публиката и баш беше тоа што го очекувавме и повеќе од тоа и на претставата и посакувам континуитет и покрај што нема Тетовскиот театар репертоар. Ги поканувам сите тетовчани да го посетуваат Тетовскиот театар да дадат на некој начин поддршка да се вклучат во културниот живот на секој начин. Без публика претставата не би значела ништо. Ни тука работиме за средбата со публиката. Кога ќе се случи средбата се случува магијата и навистина оваа претставата би ја дефинирал како психолошка драма, испреплетена со црн хумор, некаков магичен реализам за кој што актерите морам да ги пофалам дека дадоа се од себе, рече  Георгиевски.

Играа четворица актери, двајца вработени актери Тетовски театар, Ѓорѓи Нешковски и Ирена Мирчевска, како и двајца гости, Марко Богдановски и Јасминка Василева. Сценографија ја изработи Валентин Светозарев. Ова беше прва режија на Марјан Георгиевски надвор од Битолски театар.

ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

За прв пат операција за спречување енормно потење со минимална интервенција 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.