Центарот за јавно здравје Тетово денес бележи три нови случаи со Ковид-19, а сите нови заболени се граѓани на Општина Тетово. Се бележат и 13 оздравени лица. Со новите 3 случаи, бројката на болни во моментот достигна 117 лица
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот за неносење заштитни маски на 37 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба и ќе треба да платат 20 евра во денарска противредност.
Според Државниот санитарен и здравствен инспекторат во тетовското подрачје има 185 лица со решенија за изолација дома.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациент.
Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.
Вкупната бројка дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860.
А.С